Фолксваген ги почести своите работници со речиси 5.000 евра

Германскиот автомобилски гигант ја одреди висината на годишните бонуси за своите вработени за да ги награди резултатите од работата во 2019 година.

Иако на глобално ниво автомобилската индустрија доживеа пад во 2019 година, Фолксваген успеа во истиот период да забележи раст на продажбата. Зголемувањето од 2,6 отсто можеби не е импресивно, но е сосема задоволувачко во време кога главните конкуренти запишаа „минус“.

По сумирањето на бизнис резултатите, компанијата од Волфсбург ги одреди бонусите кои ќе им ги исплати на своите работници за 2019.

Така на вработените во најголемата европска автомобилска компанија, покрај редовните примања, на сметките ќе им бидат уплатени и по 4.950 евра, соопштија од Фолксваген.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе