Фиат типо доби подновен изглед, подобрена технологија и нова крос верзија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фиат го освежи семејството типо и претстави сосема нов крос верзија која е опишана како „алката која му недостига на кросоверот“.

 

Почнувајќи од надворешноста, ревидираното типо има нова предна маска на која сега гордо е испишано „ФИАТ“. Од страна се новите ЛЕД фарови кои ветуваат подобрена прегледност.

Други измени нема многу, но поинаков е и предниот браник и има дополнителни детали од хром. Нови се и задните ЛЕД светла и рестилизираните тркала со големина од 16 и 17 инчи.

Во кабината типо има нова 7-инчна инструмент-табла и 10,25-инчен централен дисплеј. Возачот ќе се наде и зад подновен волан.

Секако, големата вест е типо крос, кој е базиран на хечбекот со пет врати. Дизајниран да им се допадне на потенцијалните купувачи на кросовери, моделот има груб екстериер со пластични заштити на каросеријата, заштитни пличи и подебели губи. Моделот има и поиздржлива амортизација и поголемо растојание од подлогата за 4 сантиметри.

Под хаубата има нов 1,0-литарски бензински мотор со 100 коњски сили. Тој е значително подобрување во споредба со 1,4-литарскиот мотор со 95 коњски сили. И покрај ќарот во силата, Фиат тврди дека новиот мотор има „сериозно пониска потрошувачка и намалени издувни гасови“.

Што се однесува до дизелот, подновен е 1,6-литарскиот мултиџет мотор кој сега дава 130 коњски сили, односно десет повеќе. Може да се избере и дизел верзија со 95 коњски сили за која се тврди дека е поеколошка.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе