Фиат потврди дека развива нов кросовер кој ќе го произведува во Србија

Директорот на Фиат автомобили Оливер Франсоа потврди дека италијанската компанија развива нов кросовер кој најверојатно ќе се произведува во Србија.

Италијанскиот семеен кросовер (или СУВ по модерно) од средна големина ќе се произведува во фабриката во Крагуевац заедно со новиот фиат 500Л, иако се шпекулираше дека би можел да го замени.

Ќе има седум седишта, а ќе го погонуваат „фајрфлај“ бензинските мотори и нов мајлд хибрид погон. Нема информации за дизел, но се очекува и тој да биде една од опциите.

Фиат од следната година ќе се фокусира на електрификација на својата понуда, и сите модели ќе добијат електричен погон.

„Конвенционалните автомобили добро се продаваа до вчера, не се менувавме бидејќи зошто некој би платил 9.000 евра повеќе за истиот електричен автомобил? Сега нештата се поинакви, тоа повеќе не е избор туку обврска“, го искоментира Франсоа вклучувањето на Фиат во електрификацијата.

Прв на пазарот ќе пристигне електричниот модел фиат чентовенти со пет седишта и багажник од 380 литри кој ќе ја пополни дупката во Б-сегментот со престанувањето на производството на пунтото.

Чентовенти со една батерија ќе може да мине 150 километри, а должината од преку четири метри ќе му овозможи вградување на вкупно четири батерии и автономија од 600 километри.

Имајќи предвид дека батериите чинат од 3.500 до 4.000 евра, верзијата со најголема автономија ќе чини до 32 илјади евра, а таа на основниот модел ќе биде околу 15.000.

Ќе има сила од 120 до 150 коњски сили и ќе забрзува од 0-100 км/ч за околу осум секунди со максимална брзина од 150 км/ч.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе