Фиат 850 со „вриштечки“ мотор од кавасаки нинџа со 178 коњски сили (ВИДЕО)

Ридско-брзинските трки имаат некои од најлудите спортски автомобили на планетата. Овој фиат 850 е еден од нив.

Фиат 850 со мотор одзади и погон на задните тркала се произведуваше од 1964 до 1973 година со четирицилиндерски мотор со работна зафатнина до 903 кубни сантиметри, без да ги сметаме подоцнежните верзии на Абарт. Овој конкретен 850 има четирицилиндерски мотор, но од сосема поинакво потекло.

На задниот дел на фиатот се наоѓа линиски четирицилиндерски мотор со 1.199 кубни сантиметри од кавасаки нинџа зе-икс-12ар, спортски мотоцикл произведуван од 2000 до 2006. Дава импресивни 178 коњски сили и во времето кога беше претставен, беше еден од најбрзите сериски мотоцикли во светот.

Во овој фиат, се врти до 11.000 вртежи во минута. Не се знае каков менувач има, но најверојатно е оригиналниот од мотоциклот или пак секвенцијален тркачки. Фиатот тежи едвај 600 килограми и заедно со храбриот аеродинамичен кит, може да влегува во свиоците со вџашувачки брзини. Претпоставуваме дека е неверојатно задоволство да се вози.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе