Ферари се закани дека ќе го тужи сопственикот на лимузината направена од 360 модена (ФОТО)

Ферари знае малку да претерува кога станува збор за модифицирањето на нивните автомобили или користењето на нивните значки на автомобили кои тие не ги произвеле. Сега италијанскиот произведувач на суперавтомобили се заканува дека ќе преземе легални мерки против Британецот сопственик на најбрзата издолжена лимузина во светот, направена од моделот ферари 360 модена (Ferrari 360 Modena) чија максимална брзина е 267 км/ч. Според медиумите, 36-годишниот Ден Коли од Чедл, Манчестер има 14 дена да ги острани сите ознаки со „кренатото коњче“, логоата на Ферари и симболите „360 модена“ од шестметарската лимузина.

„Каков преседан се поставува кога не можам да правам што сакам со мојата лична сопственост?“, прашува Коли. Адвокатите на Ферари тврдат дека бидејќи Коли го пресекол својот автомобил 360 модена и вметнал додаток од 3 метри направен од јаглеродни влакна, автомобилот повеќе не е ферари, па мора да ги отстрани ознаките или да се соочи со тужба за нарушување на имиџот на марката Ферари.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе