Лавкарс

Ферари 488 писта „на линија“ против легендарниот Ф40 (ВИДЕО)

Суперавтомобилите далеку стигна во последните 30 години, и за да го докаже ова екипата на Лавкарс неодамна на иста патека ги донесе ферари Ф40 и 488 писта спајдер за трка во права линија.

Screenshot

Иако Ф40 и 488 писта се одвоени за околу три децении, тие имаат заеднички работи, покрај очигледниот дека двата се модели на Ферари. Она што се истакнува – двата автомобили имаат твинтурбо, централно поставени V8 мотори и погон на задните тркала.

Поточно, Ф40 има твинтурбо 2,9-литарски V8 со 471 коњска сила на 7.000 вртежи во минута во комбинација со рачен менувач. 488 писта спајдер, од друга страна, има 3,9-литарски твинтурбо V8 со 710 коњски сили на 8.000 вртежи во минута и има седумбрзински менувач со двојна спојка.

Не изненадува тоа што од стартната линија 488 има значителна предност. Меѓутоа, во оваа трка Тиф Недел, кој го возел Ф40 имал исклучително добар старт и бил пред 4888 во првиот дел од трката. Меѓутоа, поради рачното менување на брзините, писта спајдер исчезнал во далечината.

На 488 писта му се потребни 3,38 секунди за да стигне до 100 км/ч и должината од 400 метри ја поминал за 11,17 секунди. За споредба, на Ф40 му се потребни 5,34 секунди да стигне до „стотка“ и трката ја завршил за 12,74 секунди.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе