Ферари 308 ГТБ – остварување на момчешките фантазии (ВИДЕО)

Ферари го претстави моделот 308 ГТБ на автомобилскиот саем во Париз во 1975 година. првите модели беа погонувани од Ф106 2,9-литарскиот V8 со четири двојни вебер карбуратори. Дизајнот на 308 ГТБ е апсолутно култен, но една конкретна детективска серија го направи автомобилот вистинска ѕвезда – „Магнум“ со Том Селек.

Во сите осум сезони на серијата, Томас Магнум возеше различни 308-ки на Хаваи, и иако беа од попосакуваната верзија 308 ГТС, тие кај многумина го посеаја семето некогаш да поседуваат сопствен дел од италијанската автомобилска историја.

Првите 308 ГТБ модели доаѓаа со каросерија направена од пластика зајакната со стаклени влакна, но од 1977 Ферари се префли на традиционалните (и потешки) челични каросерии, како и примерокот во видеото.

Ферари 308 ГТБ дефинитивно не е за сечиј вкус, но тоа не е суштината на видеото. Приказната е за страста на еден човек кон еден автомобил и живеењето на детската фантазија. Сите ние имаме автомобили за кои сме сонувале да ги возиме и поседуваме кога сме биле деца, и, дами и господа, ова е токму таква приказна.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе