Фантастична паралела на стари нови 007 автомобили во трејлерот на новиот Бонд (ВИДЕО)

Првиот трејлер за новиот Џејмс Бонд филм, „Нема време за умирање“ на 007 на Данел Крег пристигна, и е фантастичен.

На наша среќа, во трејлерот има неколку сцени кои го одземаат здивот, главно благодарение на одличната каскадерска работа која во последно време станува заштитен знак на Бонд филмовите.

Приказната на „Нема време за умирање“ оди вака: „Бонд ја напушта активната служба и ужива во мирниот живот на Јамајка. Неговиот мир е прекинат кога стариот пријател Феликс Лајтер од ЦИА се појавува барајќи помош. Неговата мисија е да спаси киднапиран научник кој е всушност многу поопасен отколку што се очекува, што го става Бонд наспроти низа мистериозни негативци вооружени со опасна нова технологија“.

А тука се и автомобилите, и тоа главно со значката на Астон Мартин – оригиналните ДБ5 и V8 вантиџ се претставници на минатото, а валхала и ДБС суперлеџера на иднината. Тука е и новиот ленд ровер дифендер.

„Нема време за умирање“ во моментов е во постпродукција и премиерата е закажана за 8 април 2020. Филмот има буџет од 250 милиони долари, што го прави најскапиот Бонд филм до денес.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе