Од 2022 година

Европа воведува задолжителни ограничувачи на брзината во автомобилите

Сите нови автомобили на европскиот пазар од 2022 година ќе бидат опремени со задолжителен систем (ИСА) за ограничување на брзината кој треба да оневозможи возчите да возат побрзо од дозволеното.

Оваа одлука е донесена на предлог на Европскиот совет за безбедност на сообраќајот (ЕТСЦ), кој тврди дека на тој начин бројот на сообраќајни несреќи во ЕУ ќе се намали за 30 отсто.

Благодарение на новиот систем, бројот на загинати на европските патишта би се намалил за 25.000 во период од 15 години, проценува ЕТСЦ.

Интелиџент спид асистанс (ИСА) ќе ги користи ГПС податоците и постоечкиот систем за „читање“ на сообраќајните знаци за во согласност со ограничувањето на брзината на одредена делница да ја лимитира силата на моторот и брзината на автомобилот.

Како и со постоечките лимитатори на брзината, и ИСА би можел да се деактивира со силно притискање на папучата за гас. Сепак, во однос на актуелните системи, доколку возачот вози со брзина поголема од дозволената во следните неколку секунди, ИСА би се огласил со краткотраен звучен аларм, во визуелно предупредување на инструмент таблата, кое би останало активирано сѐ додека возачот не ја намали брзината под пропишаната граница.

ЕТСЦ наведува дека овој систем на почетокот на примената би имал опција да може да се исклучи по желба на возачот, за јавноста да се подготви на користење на новата технологија, но подоцна би станал задолжителен.

Волво неодамна исто така од безбедносни причини најави воведување на сличен систем со кој од 2020 година максималната брзина на автомобилите на таа компанија електронски би била ограничена на 180 км/ч.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе