Камион од соништата

Електричниот камион на Тесла има радиус од 800 километри и до 100 забрзува за 5 секунди (ФОТО+ВИДЕО)

Тесла официјално го претстави долгоочекуваниот електричен камион (Tesla Semi Truck), и како што се очекуваше, првиот човек на компанијата Илон Маск го нарече иднината на камионскиот транспорт.

 

Како прво, најважната бројка од сите. 500 милји или над 800 километри. Според Тесла, ова е официјалниот радиус на движење на камионот во нормални услови на автопат додека влече 36 тони товар. Целосно натоварен, камионот ќе стигне до 100 километри на час за 20-тина секунди, што е значително побрзо од кое било слично товарно возило со дизел мотор на пазарот. Уште поимпресивна е бројката кога ќе се откачи приколката – времето се спушта на само 5 секунди!

Тоа значи дека кога е празен, камионот на Тесла забрзува како спортски автомобил. За да се постигне овој резутат, камионот на Тесла има 4 независни електромотори, од кои секој придвижува по едно од четирите задни (погонски) тркала, а камионот има вкупно 6 тркала. Силата на погонскиот систем засега не е објавена.

Една од карактеристики на патничките автомобили на тесла е системот на полу-автопилот, кој ќе го има и електричниот камион.

Возилото е стандардно опремено со технологии за автоматско одржување на возилото во рамки на сообраќајната лента по која се движи и систем за автономно сопирање во случај на опасност.

Иако станува збор за прв автомобил на Тесла, компанијата трвди дека возилото ќе биде многу сигурно. За да ги увери потенцијалните купувачи, компанијата дава гаранција на сите дефекти за првиот милион минати милји (1,6 милиони километри).

Сопствениците на камионот ќе имаат можност возилото да го дополнуваат со новите, таканаречени „мегаполначи“, кои овозможуваат батериите да се болнат за 30 минути со енергија доволно камионот да мине дополнителни 400 милји (околу 640 километри).

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе