Електричната фиат панда би можела од 2023 да се произведува во Србија

Успореното пристигнување на деловите и компонентите за производство предизвикано од војната во Украина го погоди и Фиат во Крагуевац. Производството на моделот фиат 500Л во српски Крагуевац е сопрена и нема да продолжи до 12 април. Вработените не знаат каква е иднината на фабриката, се надеваат дека добрите вести за производство на нов модел, најавено од државниот врв на Србија пред крајот на минатата година, конечно ќе се остварат.

Претседателот на самостојниот синдикат на компанијата Фиат пластик, Зоран Миљковиќ, кажа за Н1 дека добиле неофицијална информација од кабинетот на српската премиерка дека производството на Фиат ќе остане во Србија, а дека од 2023 ќе се произведува електричен модел, најверојатно фиат панда.

„Но, тоа се само шпекулации, допрва очекуваме официјална информација“, наведе Миљковиќ.

Додаде дека ситуацијата е многу тешка, но дека перспективата сепак може да биде светла.

„Бидејќи, тука работната сила е евтина, халите се нови, условите за работа се извонредни, познато е дека не го плаќаат трошењето енергенси во нашата земја. Но, сето тоа изгледа сиво за сега, бидејќи нема нов модел, нема информации, работиме по два, три дена во месецот“, прецизираше Миљковиќ.

Кога станува збор за електричната фиат панда, за која веќе некое време се шпекулира во странските медиуми, станува збор за модел кој треба да биде заснован на концептот фиат чентовенти од 2019 година.

Како што се најавува, новата, четврта генерација на пандата ќе има исклучиво електричен погон, а во понудата, врз основа на цената, ќе се позиционира под електричниот фиат 500е.

Фиат засега ги крие техничките детали.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе