Мерцедес 190Е електро

Електричната авантура на Мерцедес од деведесеттите (ВИДЕО)

Германската компанија уште во 1990 година на саемот во Хановер претстави целосно електрична веризја на моделот 190Е.

 

Во време кога сите големи светски произведувачи на автомобили масовно почнуваат да произведуваат електрични модели, некои од нив гордо истакнуваат дека првите чекори на полето на електрификацијата ги направиле уште во минатиот век.

Еден од нив е Мерцедес-бенц, кој пред 30 години експериментираше со електричниот погон на седанот 190Е.

Автомобилот им беше претставен на посетителите на саемот во Хановер во мај 1990, а како основа беше употребена сериската верзија на моделот.

Мерцедес во тоа време експериментираше со високоенергетскиот натриум/никел-хлоридни батерии, кои имаа многу поголема густина на електричната енергија од класичните автомобилски акумулатори.

Веќе следната година, на автомобилскиот саем во Женева компанијата изложи напредна верзија мерцедес-бенц 190Е електро, навестувајќи ја посветеноста на овој проект.

Како што беше тогаш истакнувано, 190Е „електро“ имаше ист кабински простор како моделот со мотор со внатрешно согорување, а и безбедносните карактеристики на возилото останаа непроменети.

Автомобилот прикажан во Женева добиваше погон од два електромотори со вкупна комбинирана сила од 44 коњски сили – секој придвижуваше по едно од задните тркала.

Мерцедес „електро“ можеше со полни батерии да помине до 110 километри, а батериите се дополнуваа и во возењето со помош на системот за регенеративно сопирање.

Погонските батерии беа поприлично тешки, па инженерите на сите начини се обидуваа да заштедат на масата на останатите компоненти.

Како резултат на тоа, 190Е „електро“ беше само 200 килограми потежок од стандардната верзија.

Сепак, германската компанија реши да не ја развива понатаму оваа технологија, па на сериските електрични мерцедеси се чекаше уште 20 години по завршувањето на тестирањата во 1996 година во САД.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе