БМВ М6 од 1988

Едно од ремек-делата на БМВ се продава за 50.000 долари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

БМВ во својата историја има дизајнерски погодоци и утки, како на пример Е30 серијата 3 на горниот и Е65 серија 7 на долниот крај на скалата (субјективно). Меѓутоа, Е24 М6 „ајкула“ е еден од најголемите хитови на Баварците.

 

Првата генерација на БМВ М6, во некои земји со ознаката М635ЦСи, беше произведувана меѓу 1983 и 1989 година и сѐ уште изгледа прекрасно. Овој конкретен примерок од 1988 се продава во Америка и во моментов цената на Ибеј е 49.490 долари. Нашето мислење е дека вреди секој долар.

Огласот открива дека автомобилот е во целосно оригинална состојба, без какви било модификации или измени. На себе ги има оригиналните ББС жичени бандажи и црвената боја, која е обновена.

Под хаубата се наоѓа 3,5-литарски С38Б35 со шест цилиндри во линија кој дава 256 коњски сили. моторот е во комбинација со петбрзински рачен менувач кој ги придвижува задните тркала и овозможува автомобилот да забрза до 100 км/ч за околу 7 секунди. Во Северна Америка биле продадени само 1.677 примероци од овој убавец, што го прави прилично редок.

Внатрешноста е делумно обложена со кожа, вклучувајќи ги и тапацирите на вратите и шал-таблата. Иако се забележува мала истрошеност на возачкото седиште, остатокот од кабината е одлично сочуван. Автомобилот има поминато само 24.000 милји (38.624 километри).

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе