Мерцедес-бенц 190Е 2.5-16 ево2

Едно од омилените класични чудовишта наполни 30 години! (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најкултните спортски седани од раните 90-ти, 190Е 2,5-16 ево 2, неодамна изгаси 30 свеќички на роденденската торта, а Мерцедес-бенц го прослави јубилејот со потсетување зошто овој модел треба да биде впишан во автомобилските историски книги.

 

Уличната верзија на ДТМ тркачот со исто име ја имаше премиерата на Женевскиот автомобилски саем во 1990, на 8 март. Заснован беше на 190Е 2,3-16 претставен во 1984 и со серија од само 502 автомобили, сите во металик сино-црна боја.

Можеби највпечатливиот елемент на автомобилот беше огромниот заден спојлер, кој имаше сериозна аеродинамична задача. Овој дел беше развиен за да го зголеми лепењето за подлогата на задната оска при големи брзини а имаше и помала лента која можеше да се нагодува. И предниот спојлер беше нагодлив со две позиции.

Меѓутоа, колку и да е впечатлив екстериерот, не се споредува со јаготката на шлагот, односно моторот. Оваа верзија на спортскиот седан имаше атмосферски 2,5-литарски бензинец со четири цилиндри во линија, со за таа ера импресивни 235 коњски сили, односно 373 кај ДТМ тркачите, чии мотори беа дериват на серискиот.

Овој мотор беше последниот кој Мерцедес го подготви за ДТМ, а потоа задачата ја презема АМГ.

Додека уличната верзија ги освои срцата на сите со доволно длабок џеб да можат да си ја дозволат, ДТМ тркачот дебитираше на 16 јуни 1990 на Нирбургринг нордшлајфе. По само два месеци, на 5 август, ја постигна првата победа, со Курт Тим во возачкото седиште. Во шампионатот во 1992 година, возачите на Мерцедес-бенц освоија 16 од 24 трки со овј автомобил.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе