35 години заборавена во подрум

Еден од најубавите модели на Алфа ромео џулиета СЗ се продаде за над 550 илјади евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со само 217 произведени примероци џулиета СЗ не е само еден од најубавите модели на Алфа некогаш направени, туку и еден од најбараните. Па може да замислите каква вест било откривањето на овој примерок од 1962 година во подрум во Торино во Италија.

 

Оваа конретна алфа ромео џулиета СЗ била сопственост на механичат кој не можел да ја извади од подрумот каде што ја паркирал поради расипан лифт, според фејсбук страницата Алфа ромео џулија енд 105-сирис.

Наводно тој едноставно го оставил автомобил таму цели 35 години, сѐ додека некој не го открил во ноември минатата година. Бидејќи сопственикот во меѓувреме умрел без да остави тестамент, италијанската влада го продала автомобилот на аукција на 31 јануари за 567.000 евра.

Џулиета СЗ (спринт загато) се смета за суперспортска верзија на култниот модел на Алфа, со легенадрна рачно правена алуминиумска каросерија поставена на пократка шасија од џулиета спајдер. За да се намали тежината, автомобилот има пластични прозорци и соголен ентериер.

Загато успеал да направи автомобил со тежина од само 785 килограми, кој во комбинација со спортскиот 1,3-литарски четирицилиндерски мотор со 100 коњски сили достигнувал максимална брзина од 200 км/ч, повеќе од спортски автомобили од тоа време со многу поголеми мотори.

Алфа ромео џулиета СЗ учествувала во голем број трки, вклучувајќи ги 24 часа Ле Ман, Тарга Флорио и Нирбургринг. Овој конкретен примерок е во сосема оригинална кондиција, никогаш не бил реставриран, што откритието го прави уште пофасцинантно.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе