Форд мустанг од 1967

Еден од мустанзите „Еленор“ од „Отиден за 60 секунди“ се продава во Германија (ФОТО)

Еден од оригиналните форд мустанг „Еленор“ од славниот филм со Николас Кејџ „Отиден за 60 секунди“ во моментов се продава во Германија.

 

Мустанзите „Еленор“ станаа исклучително посакувани и има голем број копии на пазарот, дури и покрај тоа што компанијата која ги има правата на името „Еленор“ успеа да ги редуцира. Но, овој примерок е вистинското нешто.

Сè на сè 11 мустанзи „Еленор“ беа произведени од Синема виекл сервисис за филмот, а три од нив „глумеа“ во него. Ова е еден од нив и се продава од страна на Кром карс за непозната сума.

Според продавачот, овој примерок бил купен во Соединетите Американски Држави и бил увезен во Европа. Сите 11 примероци од филмот биле базирани на нормални форд мустанг фастбек модели од 1967/68, но само три од нив биле надградени со амортизери на нагодување, задна оска од линколн и V8 мотор со 5,7 литри (351 кубен инч) на Форд. Повеќето автомобили користени во снимањето биле уништени, вклучувајќи го и специјалниот „брз“ примерок кој имал V8 со зафатнина од 6,4 литри (390 кубни инчи) кој бил користен во сцените со возење.

Останува да видиме за колку ќе биде продаден овој редок мустанг, но во јануари еден од овие автомобили во САД се продаде за 852.500 долари на аукција.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе