Форд мустанг шелби ГТ500 фастбек

Еден од „Еленор“ мустанзите од „Отиден за 60 секунди“ чини 500.000 долари (ФОТО+ВИДЕО)

Целата сцена на реплики на „Еленор“, односно на форд мустанг шелби ГТ500 е екстремно пренапумпана. Меѓутоа, автомобилот што го гледате на фотографиите не е реплика туку еден од вистинските автомобили од снимањето на филмот „Отиден за 60 секунди“ од 2000 година.

 

11 идентични мустанзи „Еленор“ биле направени за продукцијата на филмот од Синема виекл сервисис, Стив Стенфорд и Чип Фус. Легендата е дека само три од тие автомобили биле целосно функционални и ова е еден од нив.

Автомобилот се продава, но многу малку детали за него се познати, освен тоа дека се појавил во филмот со Николас Кејџ во главната улога.

Со почетна цена од речиси 500.000 американски долари, автомобилот не е евтин. Меѓутоа, друг од „Еленор“ моделите кој беше продаден на аукција претходно годинава постигна цена од 852.500 долари, што го прави овој автомобил живо џабе.

Доколку овој примерок го има истиот мотор од другите филмски автомобили, тогаш има V8 мотор со 641 коњска сила, и само 1.000 милји (1.609 километри) на мерачот.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе