Е-трон кју4 спортбек: кросовер концепт што целосно ги следи трендовите (ФОТО+ВИДЕО)

Ауди во едно возило успеа да собере сѐ што во моментов се смета за добитна комбинација во автомобилската индустрија.

 

Германскиот произведувач ја искомбинира купе-кросовер каросеријата со електричен погон и по минатогодишниот концепт кју4 е-трон, ја претстави поатрактивната, спортбек верзија.

Ауди кју4 спортбек е-трон концепте само вовед за она што следи идната година, кога би требало да ја запознаеме сериската верзија на овој автомобил.

Всушност, спортбек само во силуетата се разликува од концептот кју4 е-трон, со мали измени на дизајнот на предната маска.

Тука се и тенките ЛЕД фарови кои на автомобилот му даваат поагресивен изглед.

Поголеми промени во однос на „обичниот“ кју4 е-трон се гледаат одзади, имајќи предвид дека купе линијата со поостар агол на покривот е поизразена.

Моделот има и огромни 22-инчни тркала, специјално дизајнирани за овој електричен концепт.

Изгледот на задниот дел го заокружуваат малиот спојлер на вратата на багажникот и ЛЕД лентата која визуелно ги спојува штоповите.

До должина од 4,6 метри и висина од 1,6, спортбек е еден сантиметар подолг и понизок од кју4, со што се добива подинамична форма.

Внатрешноста е минималистичка, со огромни дигитални екрани, карактеристични за најновата генерација премиум модели.

Изненадувања нема ни во поглед на погонот. Батеријата е со капацитет од 82 киловат часа, додека синергискиот ефект на погонот од 306 коњски сили го обезбедуваат задниот електромотор од 204 коњски сили и предниот со 102КС.

Од 0 до 100 км/ч се стигнува за 6,3 секунди, а максималната брзина е ограничена на 180 км/ч.

Според ВЛТП стандардот ауди кју4 спортбек е-трон во верзијата со два мотори и погон на сите четири тркала може да помине до 450 километри со полна батерија, додека верзијата со еден мотор и заден погон ќе може да се вози 50 км повеќе.

Ауди истакнува дека е обезбедена компатибилност со полначите со сила до 125 киловати, што значи дека за дополнување на 80 отсто од капацитетот е доволно нешто повеќе од половина час.

Може да се заклучи дека Ауди уште сега е спремен за лансирање на сериската верзија, но веројатно ќе причека Фолксваген следната година да го исфрли електричниот кросовер ИД.4, а потоа на пазарот ќе излезе кју4 е-трон, заедно со спортбек верзијата.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе