Премиера

Џип го претстави освежениот компас со второ ниво полуавтономно возење (ФОТО+ВИДЕО)

Компанијата Стелантис го претстави својот прв нов кросовер во Европа, новиот џип компас. Иако технички е фејслифт, компактниот кросовер е првиот модел на компанијата што нуди второ ниво на полуавтономно возење во Европа и се перчи со визуелни подновувања и однадвор и однатре, како и со нови мотори.

 

Почнувајќи од дизајнот, европскиот модел ги следи линиите на кинескиот кој беше претставен минатата есен. Изгледа речиси идентично, со истите ЛЕД светла, широка долна решетка и голем централен отвор за воздух. Новите детали на задниот дел се подискретни, а во ентериерот се најинтересните новитети.

Најважна е сосема новата инструмент-табла со 10,2-инчен дигитален дисплеј, додека екранот на централната конзола е 8,4-инчен во послабо опремените верзии, а 10,1-инчен во поопремените. Со редизајнот новиот компас има речиси 4,4 литри дополнителен багажен простор во однос на претходникот.

Понудата на мотори е составена од 1,3-литарски бензински мотор со 130 и 150 коњски сили, и 1,6-литарски дизелаш со 130 коњски сили. Сите тие се нудат само со преден погон, додека плагин хибрид моделите со 190 и 240 коњски сили 4хе имаат погон на сите тркала.

Цените ќе бидат накнадно објавени, но купувачите во Европа ќе можат да бираат меѓу спорт, лонгитјуд, лимитед, С и трејлхок нивоа на опременост.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе