Светска премиера

Џип го претстави новиот гранд чироки, за првпат со плагин хибридна верзија (ФОТО+ВИДЕО)

Џип официјално ја претстави новата, петта генерација на моделот гранд чироки.

 

Освен новиот, помодерен дизајн кој веќе го видовме на полуксузната Л-верзија со 7 седишта на почетокот на годината, најважната новост се однесува на погонскиот систем.

За првпат еден гранд чироки има плаг ин хибриден погон. Хибридната верзија ја носи ознаката гранд чироки 4хе.

Во срцето на погонскиот систем е четирицилиндерски 2,0-литарски турбобензинец накој, како и кај џип ренглер 4хе, му помагаат два електромотори, додека струјата се чува во батерија од 17 киловат часови.

Вкупната комбинирана сила на хибридниот погон е 380 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 637 њутнметри.

Произведувачот тврди дека во чисто електричен режим на возење се минуваат 40-тина километри, а вкупниот радиус на возење во хибриден начин на работа достигнува 708 километри.

Инаку, верзијата 4хе му овозможува на возачот да одбере еден од три начини на возење е-селек: хибриден, електричен и е-сејв.

Во првиот случај тркалата ги придвижуваат електромоторите и моторот со внатрешно согорување, а автомобилот ја оптимизира работата на батериите и бензинецот за најдобро да ги избалансира потрошувачката на гориво и перформансите.

Во електричниот начин на работа предност му се дава исклучиво на електричното возење, а бензинскиот мотор се пали само кога батеријата е празна или кога возачот бара моќно забрзување.

Од друга страна, е-сејв му дава предност на моторот со внатрешно согорување, чувајќи ја батеријата за подоцна.

На домашниот пазар во САД, новиот гранд чироки ќе биде достапен и со конвенционални мотори.

Основната верзија ќе ја придвижува пентастар 3,6-литарски V6 мотор со 298 коњски сили, додека врвот на понудата ќе биде V8 со зафатнина од 5,7 литри и 261 коњска сила.

Новиот џип гранд чироки на американскиот пазар стигнува до крајот на годината, а во европските продажни салони во втората половина на 2022 година.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе