Додадени и стил и луксуз

Џип го претстави гранд чироки Л, продолжената верзија со 3 реда седишта (ФОТО+ВИДЕО)

Мистеријата е тргната од џип гранд чироки Л, луксузната нова верзија која ќе се продава паралелно со актуелната верзија со два реда седишта.

 

Како што се очекуваше, надворешниот дизајн на гранд чироки Л е прилично различен од моделот што го знаеме. На пример, предниот дел лични на концептот гранд вагониер, со тенките хоризонтални светла и решетката со седум ребра. Во зависност од нивото на опременост, има и ЛЕД дневни светла позиционирани ниско на браникот.

Гледано од страна, екстра должината на гранд чироки Л станува очигледна. На задниот дел карактеристични се тенките светла.

Внатрешноста на гранд чироки Л е таму каде што драматично се разликува од стандардниот гранд чироки модел. Сосема новата инструмент табла има 8,4 инчен екран чувствителен на допир или 10,1-инчен како опција, двата со најнова технологија за информации и забава, како и поврзување со мобилниот телефон. Централниот 10,3-инчен дисплеј е стандарден и ги прикажува најразлични информации за кросоверот, вклучувајќи го и систем за ноќно гледање.

Ќе се нудат четири различни нивоа на опременост. Понудата почнува со ларедо, следено е нивото лимитед, па следуваат нивото оверленд и највисокото самит.

Познати се и моторите на новата изведба на гранд чироки. Се почнува со 3,6-литарскиот V6 мотор со 290 коњски сили познат како пентастар, а може да се добие и 5,7-литарскиот V8 со 357 коњски сили. Без оглед на моторот, кросоверот на Џип доаѓа со осумбрзински автоматски менувач. Погонот на предните тркала е стандарден, додека за погонот на сите тркала ќе се доплаќа.

Џип сè уште ги нема објавено цените за новата продолжена и полуксузна верзија на гранд чироки.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе