Добри вести!

Џејмс Меј го тестираше најновиот сандеро на Дачија (ВИДЕО)

Џејмс Меј отсекогаш бил голем фан на дачија сандеро и во неодамнешниот тест за Драјв трајб го спореди со сопствениот велосипед во прилично необичната анализа.

Тестираното сандеро е со средно ниво на опрема кое чини нешто под 10.000 фунти во Британија, и иако моделот може да се купи во најосновна форма за помалку од 8.000 фунти, оваа верзија е нешто поцивилизирана. За споредба, орбеа велосипедот на Меј чини речиси исто толку пари и направен е речиси целосно од карбонски влакна. Меј вели дека кога би бил автомобил, би бил егзотичен суперавтомобил.

Што се однесува до практичноста, и сандерото и велосипедот имаат позитивни и негативни нешта. На пример сандеро може да превезува четворица возрасни и има голем багажник, додека велосипедот е „чист едносед“, според зборовите на Меј. Меѓутоа, велосипедот го собира на места каде што автомобилот не може да помине, како пабот на популарниот телевизиски водител.

Сандерото има поприлична предност во моќ, бидејќи неговиот трицилиндерски мотор дава 90 коњски сили. Според пресметките на Меј, тој може да произведе до четврт коњска сила кога го вози велосипедот. Истакнува дека користењето и одржувањето на велосипедот чини повеќе отколку што луѓето мислат. Основната верзија на дачија сандеро има 65 коњски сили и иако тоа е малку, сепак е значително повеќе од велосипедот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе