Тојота сенчури ројал

Домашната лимузина на новиот јапонски цар (ВИДЕО)

Царот Нарухито стана новиот јапонски владетел на 1 мај, еден ден откако абдицираше неговиот татко Акихито.

И додека народот го поздравуваше новиот цар, љубителите на автомобилите може да забележат дека Нарухито пристигна во луксузна службена лимузина од домашно производство.

Станува збор за специјална верзија на тојота сенчури наречена „ројал“, која Тојота за направи за јапонскиот цар пред десетина години.

Актуелната царска тојота сенчури ројал ѝ припаѓа на претходната генерација на најлуксузниот модел на Тојота, кој инаку се произведува од 1967 година а ја користеше претходниот јапонски цар Акихито.

Сенчури ројал е произведена по нарачка за потребите на Акихито, а чини околу половина милион долари. Лимузината има значително поголемо меѓуоскино растојание од регуларниот модел сенчури (3.510 милиметри), а вкупната должина на возилото изнесува 6.155 милиметри.

Под хаубата има 5,0-литарски V12 мотор со 280 коњски сили.

За новиот јапонски цар е нарачана нова лимузина, но повторно станува збор за автомобил од домашно производство – специјална верзија на најновата генерација на тојота сенчури, која дебитираше во 2018 година.

Најверојатно ќе станува збор за верзија со отворен покрив. Не се знае колку ќе чини новата царска лимузина, но се очекува да биде значително поскапа од регуларниот модел сенчури кој во Јапонија има почетна цена од 176.000 долари.

Новата лимузина на јапонскиот цар најверојатно ќе користи хибридна верзија со 5,0-литарскиот V8 мотор на Тојота, и вкупната сила ќе изнесува 425 коњски сили.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе