Најпосакуваните на врвот

Доделени наградите на Златно тркало 2022 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во постпразнично издание, вчера, во присуство на голем број претставници од автомобилската индустрија во Македонија, најпосакуваните автомобили беа ставени на пиедестал и беа во главен фокус на најдоброто од македонскиот пазар во склоп на традиционалниот Избор за најпосакуван автомобил во земјата, „Златно тркало 2022“.

 

Очите на јавноста и љубителите на автомобилизмот, беа сведоци на ексклузивното наградување на најпосакуваните пристигнати модели во Македонија, според учесничката листа на кандидати во склоп на изборот како истакнати новитети во изминатата година, односно помеѓу претходното доделување во 2021 година и годинешната манифестација.

„Златно тркало“ е уникатен начин да се пронајде најпосакуваниот автомобил во Македонија, а на гласање се ставени новитетите пред сите граѓани, кои имаат пристап на интернет и социјалните мрежи, со цел да формираат резултати според кои ќе се види интересот на сите љубители и купувачи на автомобили. Гласањето се врши на централниот сајт на „Златно тркало", како и на фејсбук профилот на престижната награда.

Во склоп на годинешното издание на изборот „Златно тркало“, учествуваа 16 врвни автомобили, кои креираа повеќе од 12.000 гласања, коишто ги одредија најпосакуваните во вкупно 5 категории.

Златните статуетки беа доделени на 5те најпосакувани автомобили, односно:

  1. Најпосакуван градски автомобил - пежо 308,
  2. Најпосакуван семеен автомобил -  киа спортаж,
  3. Најпосакуван електрифициран автомобил - фолксваген ИД.4,
  4. Најпосакуван премиум автомобил - порше тајкан крос туризмо,
  5. Најпосакуван автомобил во Македонија - фолксваген ИД.4.

Љубителите на автомобили во Македонија со своите гласови веќе трета година по ред го издвојуваат најпосакуваното во автомобилската индустрија, притоа препознавајќи го најдоброто помеѓу достапните нови автомобилски модели во земјата, иако индустријата е оптеретена со недостаток на возила за продажба, како резултат на глобалната криза. 

Изборот е основан од најстариот автомобилски македонски медиум, Авто плус, а во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат, Авто плус, Карклуб, Карс бај вик и РПМ, кои од следната година ќе се прошират и со нови медиуми, меѓу кои и МКД.мк.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе