Претставена со дизајнерски скици

Доаѓа новата октавија РС! (ФОТО)

Шкода за првпат ги објави првите дизајнерски скици за четвртата генерација на октавија РС, спортската верзија на популарниот семеен автомобил.

 

Чешката компанија објави три скици од надворешниот дизајн на претстојната октавија РС во изведба со пет врати и карван, или како што ги вика Шкода – купе и комби.

Во споредба со „цивилната“ верзија, спортски ориентираната октавија има поагресивен каросериски кит, составен од поагресивни браници, заден спојлер, поостри странични спојлери и поголеми тркала.

Однапред РС има поголеми отвори за воздух, сплитер и црна решетка, додека на задниот дел се забележуваат отвори во браникот и дифузер со по еден издув од секоја страна. Верзијата со пет врати има и спојлер на багажникот, па претпоставуваме дека и карван верзијата ќе има спојлер на покривот.

Нема скици од внатрешноста, но може да се очекуваат спортски седишта, волан со „отсечено“ дно и рачки за менување брзини на воланот (во верзиите со ДСГ автоматски менувач), како и поскапи материјали.

Новата октавија РС ќе биде првиот РС модел на Шкода со плаг-ин хибриден погон, истиот од фолксваген голф ГТЕ и купра леон – 1,4 ТСИ бензинец во комбинација со електромотор за 245 коњски сили.

Новата октавија РС ќе дебитира на годинешниот автомобилски саем во Женева на 3 март.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе