Детален преглед на ИД.3, најважниот модел на Фолксваген по повеќе децении (ВИДЕО)

Минатата недела Фолксваген го презентираше долгоочекуваниот електричен хечбек ИД.3 на автомобилскиот саем во Франкфурт. Ги следи стапките на „бубата“ и „голфот“ како најважен модел на компанијата и може да докаже дека ќе стане автомобилот кој ќе ги внесе електричните возила во мејнстримот.

Во видеото на Топ гиар ни се нуди детален преглед на сите детали на хечбекот.

Првото нешто што се забележува кај ИД.3 е дизајнот. Бидејќи нема голем мотор со внатрешно согорување во предниот дел ниту голем менувач, дизајнерите на Фолксваген успеале да го скратат „носот“ и да ги турнат оските кон краевите на автомобилот за да се добие простор во кабината. Компанијата соопшти дека, иако ИД.3 е голем како голфот, нуди внатрешен простор колку пасатот.

Ќе има неколку мотори кои ќе се нудат во ИД.3. Првиот е верзија со 45 киловат часови со 147 коњски сили и вртежен момент од 310 њутнметри, со радиус од 330 километри. Следен е електромоторот со 58 киловат часови, сила од 201 коњска сила и радиус од 420 километри. Врвот на понудата е верзија на моторот со 201 коњска сила со 77 киловат часови, но со зголемен радиус на импресивни 550 км.

Фолксваген допрва ќе ги објави цените на различните врзии на ИД.3, но потврди дека основиот модел во Германија ќе чини 30.000 евра.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе