Од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди!

Дебитираше новиот порше 911 турбо со 580 „коњи“ (ФОТО+ВИДЕО)

Откако претходно годинава беше претставен посилниот 911 турбо С, сега имаме прилика да се запознаеме со „обичната“ турбо верзија на легендарниот „елфер“.

 

Порше на купувачите ќе им понуди купе и кабриолет верзии, а двата автомобили ги придвижува 6-цилиндерски 3,8-литарски твин-турбо „боксер“ мотор кој во порше 911 турбо испорачува 580 коњски сили и има вртежен момент од 750 њутнметри.

Во однос на претходната генерација автомобилот располага со дополнителни 32 коњски сили, а максималниот вртежен момент е зголемен за 40 њутнметри.

Како и кај моделот 911 турбо С, силата се пренесува на тркала преку автоматизиран 9-брзински ПДК менувач со двојна спојка.

Новиот порше 911 турво забрзува до „стотка“ за 2,8 секунди, што е за 0,2 секунди подобар резултат во споредба со претходникот. Максималната брзина остана иста и изнесува 320 км/ч.

Волку исклучителен спортски автомобил доаѓа со соодветна цена, па така 911 турбо купе во Германија чини од 180.811 евра, а кабриолет верзијата почнува од 194.035 евра.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе