Светска премиера

Дебитираше новата мазда3 во хечбек и седан изведба (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мазда во Лос Анџелес ја претстави новата генерација на својот компактен модел.

 

Новата мазда3 е прикажана и во хечбек и во лимузинска верзија, а дизајнот многу личи на минатогодишниот концепт каи.

„Тројката“ е воедно и првиот модел на Мазда кој ја користи новата СВА (скајаткив вијакл аркитекчр) механичка платформа, но и новиот скајактив Х бензинец. Станува збор за првиот комерцијален бензински мотор на светот со компресиско палење, кој на почетокот на 2018 доби две награди за техничка иновација.

Скајактив Х користи компресиско палење контролирано со искра (СПЦЦИ), иновативен систем кој е плод на сопствениот развој на Мазда и овозможува мазен премин меѓу палење на вообичаена смеса од воздух и гориво со искра и компресиско палење на исклучително сиромашна смеса.

На тој начин ги комбинира предностите на бензинските мотори (како постигнување висок број вртежи и чисти емисии) и на дизел моторите (супериорна реакција и забрзување при ниски вртежи со мала потрошувачка на гориво), подобрувајќи ги ефикасноста и вртежниот момент до 30 отсто во споредба со претходниот бензински мотор на Мазда скајактив Г, со намалување на просечната потрошувачка на гориво за 20 отсто.

И покрај спомнатите технолошки унапредувања, мазда3 потенцијалните купувачи пред сѐ ќе ги привлече со атрактивниот дизајн, кој претставува нова генерација на стилскиот правец Кодо веќе виден на претходната генерација на „тројката“, но и останатите модели на јапонската компанија.

И додека надворешноста е стилска еволуција на претходната генерација, ентериерот е значително изменет во однос на актуелниот модел. Внатрешноста на мазда3 е дизајнирана во минималистички стил, со очигледна намера автомобилот да добие шмек на премиум модел.

Моторите ќе се разликуваат во зависност од пазарот. Мазда на премиерата не ги соопшти спецификациите на погонските единици, но потврди дека во понудата ќе има 1,5-литарски, 2,0-литарски и 2,5-литарски бензинци, како и 1,8-литарски дизел мотор, во комбинација со шестбрзински рачен и автоматски менувач.

Повеќе технички податоци и информации кога новата мазда3 ќе стигне во салоните ќе добиеме во следните месеци, а европската премиера на автомобилот се очекува во март, на саемот на автомобили во Женева.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе