Лада 4х4 вижн

Дали по 40 години конечно дочекавме нова лада нива? (ФОТО+ВИДЕО)

Руската автомобилска компанија Автоваз во Москва го прикажа концептот лада 4х4 вижн за кој се верува дека е наследник на легендарната нива.

 

Годинешниот саем на автомобили во Москва донесе неколку интересни премиери.

По новата луксузна руска лимузина, која личи на моделите на Ролс Ројс, и кросовер купето рено аркана, претставена е дизајнерска студија на мал теренец наречена лада 4х4 вижн.

Иако Автоваз не потврди официјално дека станува збор за наследник на лада нива, се очекува идната сериска верзија на овој концепт да го замени стариот руски теренец кој со помали промени и поинаква ознака (сега се вика лада 4х4) е на пазарот речиси 4 децении.

Во прилог на ова се и претходните најави дека руската компанија подготвува наследник на нивата и дека новиот модел ќе се појави во 2018 година.

Изгледот на концептот 4х4 вижн е дело на шефот на дизајн Стив Матин, кој ја обликуваше новата генерација модели на Лада, вклучувајќи ја и веста.

Новиот теренец има карактеристични стилски детали во облик на буквата „Х“ кои ги гледавме на сите концепти и сериски модели на Лада во последните години.

На старата нива потсетуваат некои елементи на екстериерот, како „жабрите“ на задниот носач на покривот.

Со должина од 4,2 метри поголем е од актуелната лада (нива) 4х4 за околу 25 сантиметри, а има 5 врати.

Внатрешноста е исто така значително помодерна од таа на старата верзија на славниот руски теренец, со два дигитални дисплеи – еден како инструмент табла и втор на централната конзола.

Лада 4х4 вижн е претставена со големи, 21-инчни тркала и има значително поголемо растојание од подлогата, иако Аутоваз не ги објави точните бројки.

Нема ни детали за моторот, а на фотографиите концептот е прикажан со автоматски менувач.

Иако Автоваз не кажа ништо за сериска верзија, таа би можела да се појави најрано во 2019 година.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе