Мерцедес-бенц С-класа

Дали големата мечка е сѐ уште најдобриот автомобил во светот? (ВИДЕО)

Најголемата лимузина на Мерцедес (Mercedes-Benz S-Class) е целосно подновена за следната година со нова технологија и мотори, но дали е тоа доволно за да се одбрани од предизвикувачите во луксузниот сегмент?

Германската компанија визуелните промени ги сведе на минимум, со редизајнирани ЛЕД светла, нови предна маска и браници, но механичкиот дел од подновувањето е сосема друга приказна.

Главната причина за ова е што мерцедес С-класа е првиот модел на компанијата што ги има новите мотори со шест цилиндри во линија, и во бензинска и во дизел верзија.

3,0-литарскиот бензински мотор ќе се најде и во С 450 и С 500, со 367 и 435 коњски сили. што се однесува до 3,0-литарскиот дизел мотор, бројките се 286 коњски сили за С 350д и 340 коњски сили за С 400д. Сите модели го имаат 9Г-троник автоматскиот менувач, освен V12 моделите.

Применувањето на 48-волтната електрична мрежа ја прави новата С-класа компатибилна со цела низа најсовремени системи за помош при возењето, вклучувајќи ја и полуавтоматската функција.

Прекрасниот ентериер е комбинација од луксуз и технологија и тоа на импресивен начин, со неколку нови 12,3-инчни дигитални дисплеи сместени под истиот стаклен панел, а новиот волан нуди подобрена ергономија благодарение на контролите чувствителни на допир.

За многумина мерцедес С-класа е најдобриот автомобил во светот, но дали ова важи и за најновата итерација? Погледнете што има да каже за тоа Мет Вотсон од Каруау.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе