Дачија претстави ново лого во обид да го смени идентитетот на марката (ВИДЕО)

Дачија, евтината марка на Рено групацијата, претстави ново и помодерно лого заедно со свежиот идентитет на марката „фокусирана на основните работи“.

Новото лого на Дачија е со големи букви, а новиот амблем е едноставно „DC“ на симетричен начин. Ова не е првпат да го гледаме новиот амблем – тој се појави на осветлената предна решетка на концептниот бигстер претставен во јануари годинава, а новото лого беше втиснато во пластичните прагови.

Филозофијата на романската компанија досега беше фокусирана соодносот вложено-добиено. Ова важи и за актуелната понуда на марката, за моделите сандеро, сандеро степвеј, логан и дастер, но и електричниот дачија спринг.

Ребрендирањето на марката почнува од овој месец со реклами и брошури, а во 2022 ќе следат измени на дилерските салони, додека моделите ќе почнат да ги носат новото лого и амблем од втората половина на 2022.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе