Дачија спринг

Дачија има електрично возило, ама е исклучително споро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Романска Дачија објави повеќе детали за својот прв електричен модел, спринг, вклучувајќи ги и информациите за перформансите.

 

Не изненадува тоа што е исклучително споро – електромоторот дава само 45 коњски сили со вртежен момент од 125 њутнметри.

Официјално, од 0 до 100 км/ч се потребни 19,1 секунда, а од 80 до 120 км/ч на првото електрично возило на романската компанија му се потребни 26,2 секунди. Ако возачот е доволно трпелив, ќе стигне до максималната брзина од 125 км/ч.

Дизајниран пред сè за градска употреба, на дачија спринг, тежок 970 килограми, му се потребни солидни 5,8 секунди да стигне од 0 до 50 км/ч. Има литиум-ионска батерија од 27,4 киловат часови која овозможува радиус од 305 километри во град и 230 км комбинирано според ВЛТП циклусот. Времето на полнење варира од 13:30 до 5 часа во зависност од полначот. При домашно брзо полнење, потребни се 56 минути за да се дојде до 80 отсто.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе