Голем исчекор напред

Дачија ги претстави новите сандеро и логан, отфрлајќи ги дизелите и додавајќи софистицираност (ФОТО+ВИДЕО)

Дачија ги објави комплетните детали за сосема новите семејства на моделите сандеро и логан, вклучувајќи фотографии и видеа.

 

Базирани на сосема нова ЦМФ платформа, третата генерација на сандеро и логан носи модерен дизајн, нови бензински мотори и менувачи, како и повеќе содржини и засилена безбедност. Интересно е што дачија воопшти не спомнува нов логан МЦВ карван, што значи дека ќе биде или претставен подоцна или целосно исфрлен.

Почнувајќи од стандардниот сандеро хечбек, најпопуларниот модел на Романците во европскиот Б-сегмент, сега изгледа многу подинамично, благодарение на новиот дизајн и 10 милиметри пониската каросерија.

Изведбата степвеј има 41 милиметар поголемо растојани од тлото, шини на покривот, како и досега, како и заштитни пластики на долните делови на каросеријата. Заштитни елементи има и под предниот и задниот браник.

Што се однесува до логанот, овој мал седан сега е подолг за 36 милиметри во споредба со моделот во заминување, а дополнителната должина е добиена благодарение на поголемото меѓуоскино растојаниот.

Логан го има истиот дизајнерски јазик како сандерото, со карактеристични ЛЕД светла напред и позади.

Фотографиите од кабината покажуваат дека Дачија направила голем исчекор нанапред и в дизајнот на ентериерот. Инструмент таблата изгледа поскладно, а подобрени се и ергономијата и, по сѐ изгледа, квалитетот на материјалите во кабината.

Едно од позначајните унапредувања е новиот мултимедијален систем со голем екран (во најскапата верзија 8-инчен), на врвот на централниот гребен.

Се забележува и нов дизајн на седиштата и воланот, како и на класичната, аналогна инструмент табла, а нови се и командите на клима-уредот.

Новата генерација на моделите на Дачија носи и повеќе комфор во кабината, особено за патниците на задните седишта.

Романската компанија се пофали дека тие ќе имаат за 42 милиметри повеќе простор за колената од претходните верзии на овие модели.

Зголемен е и багажниот простор, па сега обемот на багажникот на логан изнесува 528 литри, а во сандерото 328 литри.

Во зависност од нивото на опрема сандеро и логан може да имаат и темпомат, автоматско соборување на долгите светла, задна камера, предни и задни паркинг сензори, автоматско активирање на брисачите, автоматски клима-уред и електронска рачна сопирачка.

Грејачите на предните седишта како опција ќе бидат понудени од април следната година, најавуваат Романците, а подоцна истата година ќе пристигне и електричен стаклен покрив.

Дачија за новата генерација на моделите целосно ги отфрли дизел моторите. Под хаубата на почетокот ќе има два безинци и една верзија со погон на течен гас.

Основните модели ќе имаат атмосферски 1,0литарски СЦе 65 со три цилиндри, во комбинација со петбрзински рачен менувач. Следен во понудата ќе биде трицилиндерскиот безинец ТЦе 90 (со иста кубикажа), во комбинација со шестбрзински рачен или ЦВТ автоматски менувач.

На крај, ќе се нуди и 1,0 Еко-Г 100 турбо, кој освен на бензин може да работи и на ЛПГ. Моторот е исто така со три цилиндри, а менувачот е рачен со 6 брзини.

Новата генерација на моделите сандеро/логан во продажните салони пристигнува до крајот на годината, а цените ќе бидат објавени накнадно.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе