Голфот останува „крал“ на Европа

Дачија дастер е вториот најпродаван автомобил во ЕУ во август, веднаш зад голфот (ФОТО)

Аналитичарите на ЈАТО дајнамикс ја објавија новата листа на најпродавани автомобили во Европа.

Иако за неколку дена ќе биде претставена новата генерација, фолксваген голф и со старата останува најпродаван модел на „Стариот континент“.

Според резултатите на ЈАТО, Фолксваген во август продал 26.411 примероци на голф 7, што е пад од 23,6 отсто во однос на истиот месец лани.

И покрај големиот пад, што е нормално имајќи предвид дека наскоро ќе биде претставен голф 8, најблискиот ривал продал дури 7.000 примероци помалку.

Станува збор за теренецот дачија дастер со 19.451 продаден примерок во Европа, а на третото место е кросовер голфот – те-рок со 18.262.

Дачија единствено достојно му парира на Фолксваген, па четвртиот најпродаван модел на континентот е сандеро со 17.764 примероци.

На петтата позиција е уште еден фолксваген – полото со 16.692 примероци.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе