Фолксваген или порше?

Чудовиште од комби со мотор од 911 турбо со 570 „коњи“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Германската тјунерска куќа ТХ аутомобиле го модификуваше славното комби Т5 на Фолксваген во вистинско чудовиште.

 

Во фолсквагенот Т5 направен по нарачка е вграден 3,6-литарски турбо мотор од порше 911 од серијата 997 со 573 коњски сили.

Т5 со овој мотор може да забрза до максимална брзина од дури 285 километри на час, иако ја има инструмент таблата од Порше со брзинометар до 330 км/ч.

Од Порше се позајмени и воланот и педалите, целосно е обоен во црна боја со специјални лесни алуминиумски бандажи и двоен ауспух.

Надграден е и ентериерот со шест индивидуални седишта на кои им се менува позицијата, со 15-инчен мултимедијален дисплеј.

Ова Фолскваген/Порше комби е средувано повеќе од две години, а сопственикот го користел шест години и минал околу 16.000 километри.

Сега се продава за 140.000 евра, што е далеку под сумата која е дадена за доработувањето – 250.000 евра.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе