Шкода скала во Македонија

Чешкиот голф ја качува Шкода една скала повисоко (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред македонските новинари во салонот на Шкода, официјално беше претставен новиот член на семејството – новата скала.

 

Овој нов модел на чешкиот производител комплетно го редефинира сегментот за компактен семеен автомобил, а во понудата на Шкода се позиционира помеѓу фабија и октавија, заменувајќи го моделот рапид кој престанува да се произведува.

Името „scala“ е латински збор кој означува скалила, што според шкода го означува големиот напредок и исчекор во компактиот сегмент.

Заснована на концептот вижн РС, новата шкода скала беше развивана 4 години, а крајниот резултат претставува одличен производ. Вклучувајќи нова технологија, емотивен дизајн, високо ниво на функционалност и поврзаност, новата скала ја поставува нов стандард во компактиот сегмент.

Дизајнерски шкода скала ја претставува следната фаза од еволуцијата на дизајнот на моделите на Шкода, со истакнати безвременски, софистицирани, скулпторски форми и динамични детали, тврдат од чешката компанија. Дизајнот се темели на концептот вижн РС и се карактеризира со прецизни и динамични линии, извонредна интеракција на светлината и сенките и уметнички тродимензионални форми претставени пред се со впечатливата предна решетка и задните стоп-светла.

Внатрешноста освен што е препознатливо пространа и комфорна, отсега плени и со добро осмислена модерна ергономија и емотивно осмислен дизајн. Во внатрешноста се истакнуваат квалитетните и меки материјали и огромниот 9,2-инчен дисплеј. Секако скала е вистинска шкода што значи дека секогаш нуди највеќе простор за патниците и огромен багажник.

Безбедноста на патниците доаѓа во сериска опрема со напредните безбедносни системи како: фронт асист – радар за автоматско сопирање при појава на пешак, возило или препрека, лејн асист – систем за одржување на коловозна лента, Сензор за дожд со светлосен асистент за автоматска контрола на долгите светла, 6 воздушни перничиња, Индикатори за сите појаси, Темпомат со ограничувач на брзина и зајакната каросерија изработена на ем-кју-би платформа од високо-квалитетни материјали.

Шкода е добро позната по своите т.н. „едноставно паметни“ практични решенија. Новата скала не е исклучок на ова, содржејќи повеќе интелигентни функционалности кои го прават секојдневието полесно за возачите. Како дополнување на држачот за паркинг картичка на А-столбот и одделот за чадор во вратата на возачот, тука е гребалката за мраз во вратичката за гориво со вграден мерач на длабочина на пневматици и интегрираната инка за полнење на средство за прскалките на бришачите. Доколку е потребно, скала може да се добие и со електрична самоповлекувачка кука за влечење која се контролира преку копче во багажниот простор, што исто така претставува прва иновација во својот сегмент.

За почеток на македонскиот пазар, скала ќе се нуди со два турбо-бензинци со 1,0-литарски мотор и 95 или 115 коњски сили со мануелен или ДСГ автоматски менувач и еден турбо-дизел 1,6-литарски кој испорачува 115 коњски сили и може да има мануелен или ДСГ автоматски менувач. Додека најмоќниот 1,5-литарски турбо-бензинец со 150 коњски сили ќе ни биде достапен од Октомври. Скала тежи само 1.240 кг благодарејки на ем-кју-би платформата и располага со одлични возни карактеристики со секои од понудените варијанти на мотори.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе