Шкода 1100 ОХЦ од 1957

Чешкиот болид кој не успеал да се трка на Ле Ман поради Студената војна (ФОТО+ВИДЕО)

Како дел од прославата на 120-годишната историја во мотоспортот, Шкода се сеќава на моделот 1100 ОХЦ, тркачки автомобил од 1957 година кој бил дизајниран да се натпреварува на 24 часа Ле Ман.

 

Иако ова никогаш не било реализирано поради „сложената политичка ситуација на крајот на 50-тиѕте и 60-тите години“, односно Студената војна, 1100 ОХЦ бил успешен тркач во екс-комунистичките држави каде што можел да се натпреварува.

Развојот почнал во 1956 а моделот имал победничка тркачка премиера на патеката Млада Болеслав во јуни 1958 година.

Шасијата на шкода 1100 ОХЦ е направена од тенки челични цевки и има четирицилиндерски мотор со 1.089 кубни сантиметри работна зафатнина, во комбинација со петбрзински рачен менувач. Иако моторот дава само 92 коњски сили, максималната брзина е 200 км/ч благодарение на ултра малата тежина од 583 килограми на родстерот и 555 килограми на купето.

Друг фактор за високата максимална брзина е аеродинамиката на пластичната каросерија зајакната со стаклени влакна.

Во 1957 и 1958 година биле направени два примероци без покрив, а две дополнителни купеа со алуминиумски каросерии во 1959. За жал, двете купеа биле уништени во несреќи, но Шкода во моментов обновува едно од нив користејќи ги преживеаните делови.

Што се однесува до родстерите, двата се преживеани – едниот е дел од колекцијата на Шкода музејот во Млада Болеслав во Чешка и учествува во историски трки, а другиот е сопственост на Шкода УК.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе