Бугати во Женева ќе донесе уникатен хиперавтомобил вреден 16 милиони евра

Француската компанија Бугати на автомобилскиот саем во Женева би требало да изложи автомобил вреден неверојатни 16.000.000 евра.

Единствениот хиперавтомобил го нарачал 81-годишниот Фердинанд Пјех, поранешниот директор на Фолксваген групацијата, внук на Фердинанд Порше.

Овој хиперавтомобил ќе ја има „главната улога“ на штандот на Бугати во Женева во рамки од одбележувањето на 110 години од формирањето на компанијата.

Автомобилот е базиран на моделот широн, а како верзијата диво ќе има уникатна каросерија која и ја „напумпала“ вредноста до лудите 16 милиони евра.

Под хаубата се очекува модифициран 8,0-литарски W16 со четири турбини, кој би требало да развива повеќе од 1.500 коњски сили, колку што има стандардната верзија.

Покрај овој автомобил, Бугати во Женева ќе претстави и специјално роденденско издание на широн спорт –110 анс.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе