Нов светски рекорд

Бугати широн е најбрзиот сериски автомобил во спринт од нула до 400 до нула км/ч (ФОТО+ВИДЕО)

Исто како и неговиот претходник, суштината на бугати широн (Bugatti Chiron) е сировата сила и забрзувањето во права линија. Да, добро се однесува во свиоци за автомобил со таа големина, и да, има купишта луксуз во него, но кога ќе се повлече долната црта, овој хиперавтомобил е помалку или повеќе многу голем мотор на тркала.

 

Покрај тоа е и прилично скап со цена од 3 милиони долари и ограничена серија од 500 примероци, од кои 300 се веќе резервирани. Најверојатно и преостанатите 200 многу брзо ќе си најдат сопственици, особено откако широн постави нов светски рекорд во спринт од 0-400-0 километри на час.

Достигнување 400 км/ч во сериски автомобил се сметаше за невозможно пред две децении. Можено не невозможно, но барем финансиски неисплатливо. Е па, беше потребно лудилото на директорите на Фолксваген за да се добие зелено светло за проектот вејрон, со што индустријата засекогаш се смени.

Сега широн презема таму каде што застана претходникот. Сѐ уште нема многу автомобили кои можат да стигнат до 400 км/ч, а не пак толку брзо како широн, што значи дека конкуренцијата за поставениот светски рекорд не е баш лута. Но тоа воопшто не го прави постигнувањето на Бугати ништо помалку спектакуларно.

Благодарение на снимките што ги објави компанијата во изминатите денови, знаеме дека широн стигнува до 400 км/ч за само 32,6 секунди. 8,0-литарскиот W16 мотор со четири турбополначи и 1.500 коњски сили е доволно моќен, но што е со сопирачките?

Очигледно и тие си ја вршат работата. Бугати го тестираше широн во спринт од нула до 400 до нула километри на час и се врати дома со светски рекорд. Ѕверската машина забрза до поставената брзина и потоа целосно сопре за нешто помалку од 42 секунди, поставувајќи ја пречката прилично високо за сите други што сакаат да ја скокнат.

Зад воланот на хиперавтомобилот беше поранешниот Формула 1 возач Пабло Монтоја. На автомобилот му беа потребни 3.112 метри за да го урне рекордот, а интересно е колку од нив се потрошени на сопирање.

„Нормално, широн е суперспортски автомобил на кој му треба целото ваше внимание кога сте зад воланот“, кажа Монтоја. „Во исто време, ми даде такво чувство на безбедност што бев целосно опуштен и навистина уживав во двата дена минати со автомобилот“.

Бугати се пофали со епското постигнување на автомобилскиот саем во Франкфурт со специјална верзија на моделот со не многу дискретна 42-ка на маската.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе