Со цена од 16,7 милиони евра

Бугати ла војтур ноар е најскапиот автомобил во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Бугати ја претстави својата современа верзија на моделот тип 57 СЦ атлантик, покажувајќи го „ла војтур ноар“, иако не станува навистина збор за нов автомобил.

 

Прикажан на годинешниов саем во Женева, опишан е како „ултимативниот гранд турер“ од страна на директорот Штефан Винкелман и направен е врз моделот широн, што значи дека станува збор за уникатна, импресивна, каросерија.

„Ла војтур ноар“ е француски за „црниот автомобил“, омаж на тип 57 СЦ атлантик, соопшти Бугати, и најдобро ја опишува сјајната црна боја на рачно изработената каросерија од карбонски влакна. Ништо не го прекинува визуелниот тек – браниците се вградени во формата и дизајнот на прозорците потсетува на визир на шлем, додека шофершајбната без раб „претекува“ во страничните прозорци.

Под хаубата нема изненадување и моќта доаѓа од 8,0-литарскиот W16 на Бугати со четири турбини. Дава 1.500 коњски сили, исто како во широн и диво, а „индикатори за оваа неверојатна сила“ се шесте издувни цевки на задниот дел.

Ла војтур ноар стана најскапиот нов автомобил во историјата, откако беше продаден за 16,7 милиони евра, сосе данок. Ако гласините се точни, купувачот е поранешниот шеф на Фолксваген групацијата Фердинанд Пјех.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе