Показна вежба

Бугати болид е тркачки монструм со 1.850 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Бугати го претстави моделот болид (многу брз автомобил на француски), екстремен тркачки хиперавтомобил кој има невиден сооднос тежина-сила од само 0,67 килограми на коњска сила.

 

Најпрво треба да се истакне: бугати болид е експериментална студија, барем засега. Произведувачот го развил како показна вежба за тоа како би изгледало радикално возило направено околу неговиот славен 8,0-литарски W16 мотор. Или како што кажа шефот на Бугати Стефан Винкелман, болид има само четири тркала, мотор, менувач, волан, и како единствен луксуз, две седишта“.

Замислен како врвен спортски модел на Бугати, болид го комбинира моторот од широн со минимална каросерија за максимална потисна сила кон подлогата, фамозниот „даунфорс“.

Во овој случај, поприлично модифицираниот W16 мотор дава 1.850 коњски сили со подеднакво импресивен вртежен момент од 1.850 њутнметри. Внесете ја во равенката тежината на болид од само 1.240 килограми, и ќе сфатите зошто перформансите се речиси како на Формула 1 болид.

Според симулациите на Бугати, болид забрзува од 0-100 км/ч за 2,17 секунди, од 0-200 км/ч за 4,36 секунди, од 0-300 км/ч за 7,37 секунди, 0д 0-400 км/ч за 12,08 секуди и од 0-500 км/ч за 20,16 секунди! Способен е да достигне максимално латерално забрзување од 2,8 Г. Бугати соопшти дека на болид мус е потребни 3,7 минути да извози круг на патеката во Ле Ман, и 5,23 минути да го „сврти“ Нирбургринг.

Треба да се истакне дека бугати болид може да биде повеќе од само експеримент, бидејќи на компанијата ѝ се „испушти“ дека е направен според безбедносните стандарди на ФИА. И изгледа како ЛМП1 тркач во издржливост.

Значи ли ова дека ќе го видиме во трките на моделите со ограничена серија? Бугати вели дека тоа сѐ уште не е одлучено, но имајќи го предвид напорот вложен во прототипот, можеме да се надеваме дека има добра шанса да стане газда на сите тркачки хиперавтомобили.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе