Британската полиција одбра нов автомобил (ФОТО)

Новио компактен хечбек на Шкода, скала, е новиот член на сино-белата флота на Британија, во која веќе има различни возила за сите потреби.

„Униформата“ на полициските автомобили, со карактеристичните сини и жолти ленти на бела основа, не е единствената измена на полициската скала, која има и ЛЕД сигнални светла вградени во предната решетка, задниот дел, рамките на табличките и предното стакло, заедно со сигналните светла на покривот и сирената.

„Нашата соработка со безбедносните служби оди наназад цел век. Тоа големо искуство во секторот ја прави Шкода доверлив партнер и кога станува збор за технички напредните автомобили и добиената вредност за вложените пари, а скалата, која е нашиот најконектиран модел досега, ги исполнува сите овие потреби“, соопшти Шкода.

Покрај полициската конверзија, Шкода соопшти дека скала може да служи и како амбулантно и пожарникарско возило.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе