Британците забранија реклама на Ленд ровер (ВИДЕО)

Маркетиншките експерти се обидуваат да бидат креативни и иновативни кога станува збор за рекламирањето, а како подобро да се рекламира Ленд ровер од истакнување на теренските способности на нивните возила.

Претходно годинава, Јагуар Ленд ровер (ЈЛР) објави нова реклама за моделот дифендер, наречена „Над и преку земјата“, со слоганот „Каде и да сте“. Но британскиот регулатор кој ги разгледува жалбите на гледачите, АСА, го забрани нејзиното емитување.

АСА одлучува дали рекламите мамат или на некој друг начин го кршат кодексот за огласување на британските телевизии. Утврдено е дека со оваа реклама се крши кодексот, а се сведува на тоа што три дифендери се паркираат во близина на провалија. Камерата зумира на еден од овие автомобили при паркирање во рикверц, со користење паркинг сензори и камера.

И покрај користењето бројни измислени детали, како семафори среде беспаќе или полицаец кој го регулира сообраќајот во пустина, токму овој дел ги вознемирил британските гледачи и ги поттикнал да се жалат. АСА ги анализирал жалбите и потврдил дека се во право: паркинг сензорите предупредуваат на пречки, а не на празен простор, како што е прикажано на снимката.

Заклучокот е дека огласот измамува и дека, поради слоганот „Каде и да сте“, купувачите би можеле да сфатат дека може да ги користат паркинг сензорите и тогаш кога зад има „простор кој претставува сериозна опасност“, во овој случај провалија.

Како одговор, од ЈЛР навеле дека сензорот во видеото се огласил поради „камените пречки на тлото“, но аргументот не го убедил регулаторот при одлучувањето на судбината на рекламата. Одлуката е потврдена и таа повеќе нема да се емитува во Британија во овој облик.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе