За Халовин

БМВ се обиде да се пошегува со Мерцедес, шегата им се одби од глава (ФОТО)

БМВ и Мерцедес во САД го прифатија духот на Халовин со шегување на Твитер.

БМВ УСА го испука првиот плотун со твит насочен кон Мерцедес. На објавената фотографија се гледа мерцедес-бенц Е53 АМГ во костим на БМВ М5 со пораката: “Не може секој автомобил да се облече како својот омилен суперхерој“.

Шегата насочена кон Мерцедес и нивната АМГ верзија од средната класа им се одби од глава на шегаџиите од БМВ. И пкрај честитката на празник од колегите, Мерцедес реши да возврати – на одличен начин.

Компанијата на твитот на БМВ возврати со: „Одлична шега. Тоа е навистина страшен костим!“, носејќи ја размената на повисоко ниво со додаденото: „Особено предната решетка...“

Ова е, секако, пресмешна забелешка на сѐ поголемата предна решетка на моделите на БМВ. Контроверзиите почнаа со икс7 и продолжија со дебито на подновената серија 7. Меѓутоа, БМВ отидоа чекор предалеку со претставувањето на концепт 4 на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Решетката на концептот е речиси исто висока колку предното „лице“ и беше опишана како „дабарски заби“ па сѐ до „монструозна“. Иако обично дизајнот на концептите се смирува за сериските модели, на шпионските фотографии се гледа дека безвезната предна решетка навистина ќе се случи.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе