БМВ направи копија од патеката Монца во Сахара за да си „поигра“ новиот икс-5 (ФОТО+ВИДЕО)

За прописно да го најави новиот икс-5, БМВ се потруди славните свиоци на Монца да ги пренесе во суровата пустина на Мароко.

 

Патеката е направена во Мерзуга, еден од најпустинските региони во Мароко, и долга е 5.793 метри. Германците детално ја реплицирале Монца во размер 1:1, и со радиусот на свиоците и со должините.

Биле потребни две недели и повеќе од 50 луѓе за да се заврши сѐ – вклучувајќи инженери, техничари, работници и пилоти. Четири булдожери и 4 камиони работеле 9 дена, копајќи 24 кубни метри одеднаш за да се подготви почвата и за да се отстрани вишокот песок. Сѐ на сѐ, биле преместени над 3.500 кубни метри земја.

Покрај тоа што е најрафинираниот и технолошки најнапредниот икс-5 досега, новиот кросовер на БМВ има и подобрени офроуд перформанси благодарение на системот „дајнамик дампер контрол“. Со помош на воздушната суспензија на двете оски, возачите на новиот икс-5 можат да ја нагодат висината до 80 милиметри.

Друг новитет кај новиот икс-5 е офроуд пакетот, кој нуди избор меѓу четири модуси на теренско возење (песок, карпи, крупен песок и снег), кои автоматски ја одредуваат висината на возилото, поставките на икс-драјв системот, како и забрзувањето и реагирањето на менувачот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе