„Најверојатно најдобриот на Балканот“

БМВ М3 ево Е30 е еден од најдобрите проекти на бугарскиот тјунер Вилнер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бугарскиот тјунер Вилнер успеа да направи прекрасно (иако не баш оригинално) БМВ М3 ево купе. Целосно обоено во црвена боја имола 2, со хела фарови со бришачи, специјално изработени задни светла и спортски 18-инчни ББС бандажи, целосниот дизајн на ова Е30 М3 од 1990 изгледа прилично добро.

 

Доработките се особено очигледни во ентериерот – тука Вилнер додал спарко тркачки предни седишта, безбедносни појаси прицврстени во пет точки, а сѐ е замотано во кариран материјал со кожени рабови. Истиот материјал е употребен и за вратите, рачката на шалтерот, покривот и капакот на совозачката полица, а се тврди дека е „супер функционален, издржлив и комфорен, особено во лето“.

Опишан како „најверојатно најдобриот на Балканскиот Полуостров“, специјалниот БМВ М3 еволушн под хаубата има линиски шестцилиндарски мотор со зафатнина од 3.201 кубен сантиметар од М3 Е36, кој дава 321 коњска сила која се пренесува на задните тркала преку петбрзински рачен менувач.

Добар детаљ е и намалената верзија на автомобилот, речиси идентична на големиот автомобил.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе