М8 гран купе

БМВ кое ќе ви го одземе здивот (ФОТО+ВИДЕО)

Во М-семејството на БМВ пристигна уште еден модел – М8 гран купе, елегантно купе со четири врати и твинтурбо 4,4-литарски V8 мотор. Во „обичниот“ М8 гран купе развива 607 коњски сили и вртежен момент од 752 њутнметри, додека во „компетишн“ верзијата дава 625 коњски сили.

 

Со овој мотор М8 гран купе забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,1 секунда, а „компетишн“ за 3 секунди.

Двете верзии се искомбинирани со осумбрзински автоматски менувач и иксдрајв систем за погон на сите четири тркала.

Максималната брзина е електронски лимитирана на 250 км/ч, но можно е со доплата да се добие ем-драјвер пакетот со кој максималната брзина е 306 км/ч.

Покрај адаптивната амортизација и неколкуте работни режими (дифолт роуд, спорт, трек), возачот може да смета и на специјални М сопирачки под 20-инчните бандаши.

Почетната цена во Германија е 138.655 евра, а производството почнува во ноември. БМВ М8 гран купе во јануари ќе го понуди и во лимитираната серија „фрст едишн“ од 400 примероци кои од останатите ќе се разликуваат по специјалната зелена боја.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе