БМВ има нов концептен кросовер „икс-ем“ со 750 коњски сили и изгледа пострашно од очекуваното (ФОТО+ВИДЕО)

Запознајте го „икс-ем“, плагин кросовер со 750 коњски сили кој е првиот самостоен „М“ кросовер во историјата на германската марка и првото самостојно „М“ возило од суперавтомобилот М1 на крајот на 70-тите. И има толку голема предна решетка што дури и таа на електричниот кросовер „и-икс“ изгледа убаво.

 

Изгледот на предниот дел, за жал, не е резервиран само за „икс-ем“ концептот, кој може да го носи тоа има благодарение на договорот меѓу Ситроен и БМВ. Комбинацијата од огромна предна решетка и две тенки светла е „најава на предниот дел и дизајнот на претстојните луксузни модели на БМВ“, според компанијата. Што значи дека ако не ви се допаѓа ова, нема да ви се допаѓа ни новата серија 7 која треба да биде претставена на почетокот на следната година.

„Икс-ем“ е дело на М одделот на баварската компанија, и во согласност со актуелните трендови, возилото е електрифицирано. Станува збор за плагин хибрид чија погонска група е составена од конвенционален V8 мотор и електромотор.

Вкупната сила на хибридниот систем е 750 коњски сили, а максималниот вртежен момент достигнува 1.000 њутнметри. Се очекува тоа да биде доволно за големиот кросовер да стигнува од место до 100 км/ч за околу 4 секунди.

БМВ за 2022 година најави сериска верзија на овој моќен кросовер со неконвенционален изглед, а цената би требало да се движи околу 150.000 евра.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе