БМВ иХ – технолошкиот предводник и првиот изворно електричен кросовер на Баварците (ФОТО+ВИДЕО)

Како што беше ветено, БМВ денес го покажа својот прв електричен кросовер (првиот од самиот почеток правен да биде електрично возило), и конечно го дознавме неговото име.

 

Претходно нарекуван иНекст, електричниот кросовер едноставно ќе се вика иХ (ај-екс) за да се истакне неговото значење во понудата на електрични кросовери на баварската компанија. Носејќи ги со себе најновите иновации во полињата на електрификацијата, автоматизираното возење и поврзаноста, БМВ иХ е и технолошкиот предводник на марката.

Имајќи го тоа предвид, БМВ вели дека дизајнот на иХ бил развиен одвнатре нанадвор, а главната цел била „да се создаде квалитет на животот и удобност за возачите и патниците“.

Мора да се истакне дека надворешниот дизајн не го добил потребното внимание. Однадвор, БМВ иХ би требало да внесе нови линии во моќните пропорции на кросоверите на БМВ. Електричниот кросовер според висината и должината може да се споредува со БМВ Х5, но има речиси иста висина како Х6 благодарение на линијата на покривот. Огромните тркала, пак, потсетуваат на Х7.

Во внатрешноста, БМВ вели дека иХ нуди амбиент како во салон благодарение на новите седишта со интегрирани потпирачи за главите, „исклучително големиот“ панорамски покрив, висококвалитетните материја, и изобилството од простор.

Дизајнерите примениле минималистички пристап на инструмент-таблата, на која доминира широк дисплеј кој преоѓа во централниот екран, во една целина. Хексагоналниот волан исто така се истакнува, иако се наметнува прашањето што имаат автомобилските компании против сосема тркалезните волани во последно време.

Сега доаѓаме до најважното – многу значајниот погон кој ја има петтата генерација на едрајв технологијата на БМВ составен од два електромотори, електроника, технологија на полнење и високонапонска батерија. Погонот, направен без користење на ретките благородни материјали, развива максимални 500 коњски сили. Според БМВ, тоа е доволно за забрзување од 0-100 км/ч под 5 секунди.

Моторите ги напојува батерија од над 100 киловат часови. Пакетот би требало да овозможи радиус од над 600 километри. БМВ наведува „исклучително ниска“ комбинирана потрошувачка на електрична енергија од помалку од 21 киловат час на 100 километри.

Што се однесува до полнењето, новата технологија на иХ овозможува брзо полнење од 10 до 80 отсто од целосниот капацитет за помалку од 40 минути. Поточно, 10 минути полнење овозможуваат доволно енергија за зголемување на радиусот за 120 километри. За полнење од класичен приклучок за струја, полнењето би требало да трае 11 часа од 0 до 100 отсто.

БМВ ќе го произведува иХ во својата фабрика во Динголфинг во Германија, почнувајќи од втората половина на 2021. Се очекува во салоните да пристигне на почетокот на 2022 година.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе