Баварскиот американски сон

БМВ го претстави новиот, огромен икс7 (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ покажа како изгледа нивниот најнов кросовер, а ги објави и техничките детали за моделот кој во салоните доаѓа следната година.

 

Купувачите очигледно не можат да се наситат од кросоверите, а баварската компанија веќе нуди шест различни модели. Меѓутоа, едно нешто недостасуваше во понудата – конкурент на мерцедес ГЛС.

Четири години по официјалната најава и една година по концептот, БМВ го претстави големиот кросовер со седум седишта. Моделот кој со големината сака да го импресионира пред сѐ американскиот пазар ќе се произведува во фабриката во Спартанбург, каде БМВ ги произведува повеќето свои кросовери.

Сериската верзија, барем однадвор, не отстапува премногу од концептот икс7 ајперформанс од 2017 година. Фаровите не се толку тенки како кај концептот, но задржана е масивната решетка на ладилникот, која доминира на „лицето“ на автомобилот.

Задниот дел е речиси пресликан од концептот.

Патничката кабина е многу просторна и луксузна, со целосно дигитализирана инструмент-табла составена од два големи 12,3-инчни екрани – тој пред возачот се менува во конвенционални инструменти, додека десниот дисплеј му припаѓа на мултимедијалниот систем.

На централниот гребен меѓу возачот и совозачот, кој исто така импресионира со големината, покрај рачката на менувачот има еден куп копчиња, вклучувајќи ги командите за ајдрајв, како и контролерите за бирање на режим на возење и нагодување на висината.

Четиризонскиот клима-уред е стандарден дел од опремата на икс7, а како опција мое да се добијат 5 зони.

Дека БМВ воделе сметка за луксузните содржини покажува тоа што икс7 е опремен со триделен панорамски покрив, кој овозможува кабината да биде максимално осветлена со природно светло. Дополнителна опција се и двете посебни седишта во вториот ред, со сите опции за нагодување како предните. Во таа конфигурација БМВ икс7 наместо максималните седум има шест комфорни седишта.

Вратата на багажникот има два дела, па по потреба се отвора само горниот, доколку во багажникот се ставаат помали и полесни предмети, додека за погабаритните се спушта и долниот дел.

БМВ наведува дека во основната конфигурација на седиштата достапни се дури 1.376 литри багажен простор, додека со соборување на задните два реда просторот се зголемува на огромни 2.560 литри.

Мотороите зависат од пазарот на кој ќе се нуди икс7, па така за Европа нема да следува моќниот бензински V8 мотор како во Америка, туку ќе го добиеме бензинецот иксдрајв40и, 6-цилиндерски 3,0-литарски турбо мотор со 340 коњски сили, и две дизел опции – 30д со 265 коњски сили и 50д, 3,0-литарски турбодизел со четири турбини и 400 коњски сили.

Дизел моторите ќе се добиваат само со погон на задните тркала и осумбрзински автоматски менувач.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе